Верниците од исламска вероисповед во целиот свет го почнаа тридневното празнување на Рамазан Бајрам. Верниците го слават празникот по завршување на постите кои траеја цел месец кога не се јаде и не се пие ништо од изгрејсонце до зајдисонце, а на крајот на дневниот пост се подготвува ифтарска вечера.
По рамазанскиот пост, исполнет со прошка и милостина, верниците го поминуваат големиот празник со семејството и пријателите, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.
Рамазан се смета за најважен и најпросветлен месец за муслиманските верници, во кој, се верува, започна објавувањето на светата книга Куран за муслиманите.
Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.