КУЛТУРА

Работна средба на синдикатот на самостојните јавни научни установи

Синдикатот на самостојните јавни научни установи (ССЈНУ) како репрезентативен синдикат на ниво на гранка научно истражување и развој свикува работна средба со членството заради барање за потпишување нов Колективен договор со министерот за образование и наука.

SINDIKAT

Со оглед на тоа што платите на вработените во јавните научни установи не се променети од 2019 година, потпишувањето на новиот Колективен договор има за цел на системски начин да го реши прашањето за платите.

Предлогот за новиот Колективен договор од страна на ЈНУ е подготвен и на средбата се очекуваат претставници од МОН да го пренесат ставот на Министерството.

Напишете коментар

Back to top button
close