Uncategorized

Ова се најпребаруваните прашања на Гугл за сексот во 2023 година: Едно од нив ќе ве остави во шок!

Бидејќи сексуалниот живот е неисцрпна тема за истражување, Google analytics покажува кои биле најчесто поставуваните прашања поврзани со интимноста, а последното ќе ве изненади.
Според „The Post“, најпребаруваното прашање за секс во 2023 година било: „Каква е позата „speed bump“? Овој израз стана популарен откако учесничка на реалното шоу „Love Island“ го спомна во текот на сезоната. Тоа е позата „лежечки полицаец“, која вклучува ставање перница под колковите додека особата лежи со лицето надолу.

Google

Второто прашање беше поврзано со сексот за време на бременоста. За среќа, тој е сосема безбеден, иако може да биде непријатно како што се приближува породувањето, а оние кои сакале да знаат кога можат да направат тест за бременост лесно го нашле одговорот, бидејќи тоа било третото најпопуларно прашање.

Четвртото место го зазема прашањето зошто се јавува крварење после секс. Експертите тврдат дека лесното крварење после секс е поврзано со сувост на кожата или вагината, а во ретки случаи може да укаже на сексуално пренослива или вагинална инфекција, пишува „The Post“.

Некои сакале да знаат колку состаноци треба да имаат со партнерот пред да имаат секс, додека некои фитнес ентузијасти сакале да знаат колку калории согоруваат за време на сексуалниот однос.

Едно од најпопуларните прашања не беше директно поврзано со нашиот сопствен сексуален живот или тело, а тоа беше нешто за што повеќето од нас никогаш не размислувале: „Како рибите имаат секс?“.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close