МОЈА КУЈНА

Вкусни макарони со шунка и кашкавал

Еве една интересна идеја за брз и вкусен ручек само за љубителите на тестенините.

Запечени макарони со шунка и кашкавал… Се прават лесно, не треба многу време, а се неверојатно вкусни.

макарони со шунка и кашкавал

Потребни состојќи:

200 гр макарони
30 гр брашно
1 главица кромид, ситно секан
1/2 лажиче сенф
сол, бибер
600 мл млеко
400 гр варена брокула, ситно сецкана
250 гр шунка
100 гр рендан кашкавал (гауда, ајдамер или сл.)
2 лажици путер
50 гр лебни трошки

Начин на подготовка:

Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Исцедете ја и префрлете ја во намастена огноотпорна тава. Во еден сад измешајте ги брашното, кромидот, сенфот и сол и бибер. Садот ставете го на рингла и полека додавајте млеко со постојано мешање.

Варете го на средна температура 10-15 минути, односно додека не се згусне. Вака подготвениот сос прелијте го преку тестенините.

Во тестенините додадете ги и сецканата брокула, сецканата шунка и изренданиот кашкавал.

Во помало тенџерче на рингла растопете го путерот и тргнете го на страна. Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте и прелијте преку тестенините. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close