РЕЦЕПТИ

Рижото со морски плодови

Потребни намирници:

  • 400 гр ориз
  • 1 кг црни неотворени морски школки
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 1 лажица доматно пире
  • 200 мл бело вино
  • 60 гр путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • сол, бибер

Рижото со морски плодови

Начин на подготовка:

Виното се става да се вари. Кога ќе проврие, се намалува температурата и се остава да врие 5 минути да му се намали количината на половина.

Школките убаво се мијат и се додаваат во виното што се вари. Се варат 4-5 минути за да се отворат. Мешајте ги од време на време.

Со лажица решетка извадете ги школките од виното, а виното прецедете го. Потоа во виното се додава вода за да добиете 1 литар течност.

Неотворените школки се фрлаат.

Загрејте во тава на рингла 30 гр путер со масло. Додадете го кромидот и пропржете го малку. Потоа додадете го оризот и малку зголемете ја температурата.

Пржете го оризот со постојано мешање да стане стаклест – околу 2 минути. Потоа се става сол, бибер и доматно пире и убаво измешајте.

Во оризот додадете ја течноста со виното во која ги варевте школките. Но немојте да ја ставите одеднаш целата течност, туку прво сипете половина, па откако оризот ќе ја впие течноста досипете го остатокот. Целото варење на оризот треба да трае околу 35 минути.

Додека се подготвува оризот, извадете поголем дел од школките од обвивката и ставете ги во оризот. Измешајте убаво. На крај додадете го преостанатиот путер, исецкан на листови и исецканиот власец.

Јадењето украсете го со преостанатите школки во обвивка.

Добар апетит!

Напишете коментар

Back to top button
close