Сите сакаат кроасани, а тие се вообичаен избор за појадок кога одите во пекара. Путерот ќе им даде посебна мекост и вкус, а вие ќе уживате во секој залак. Идеални се за појадок или вечера, можете да ги јадете неутрално без ништо или пак да направите слатка или солена комбинација со разни намази.
Потребни состојки:
- 500 гр брашно
- пакетче сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 250 мл млеко
- 80 мл зејтин
- 100 мл јогурт
- 150 гр путер
Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете ги брашното, солта и шеќерот и убаво измешајте. Истурете го квасецот во топлото млеко и добро измешајте за да се раствори без грутки. Истурете во брашно заедно со зејтинот и јогуртот. Тестото убаво месете го, најмалку 10 минути. Покријте го со крпа и оставете го да отстои околу еден час. Расукајте го до дебелина од околу 2 сантиметри. Над тестото изрендајте го омекнатиот путер, па уште еднаш замесете го. Расукајте го уште еднаш во голем круг со дебелина од околу 1 cm. Исечете го тестото на еднакви триаголници, па секој од нив виткајте го во ролат. Кроасаните наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во ладна рерна, па вклучете ја на 200 степени и кога ќе се загрее, печете ги уште 10-15 минути.
Наздравје!