Turlitava.com

Највкусната домашна мусака – рецепт што го освои Instagram!

Денеска ви донесуваме еден едноставен, а неверојатно вкусен рецепт за домашна мусака што ни го привлече вниманието на Instagram. Под видеото може да видите чекор-по-чекор подготовка, а рецептот е навистина идеален за брз и домашен ручек.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Подготовка на филот:
Се ренда еден морков и една главица кромид, па се пржат на малку масло. Потоа се додава меленото месо и се пржи додека да добие убава златна боја. Се зачинува со сол, бибер, вегета и црвен пипер.

Редослед во тавче:
Во подлабоко тавче се редат тенко сечени тркалца компири, па врз нив се става филот со месото. Се попрскува една лажица ориз, па уште еден ред компири одозгора.

Печење:
Се прелева со зовриена вода – само колку да ги покрие компирите.
Се пече на 220°C околу 50 минути, додека компирите убаво да заруменат.

Финален чекор:
Се додаваат 3-4 матени јајца и се враќа во рерна уште 5 минути.

Резултатот?

Мека, миризлива и кремаста мусака што се топи во уста. Домашна класика што секогаш успева!

Рецептот е преземен од Instagram – видеото со подготовката можете да го погледнете подолу.

Exit mobile version