Македонија

Младите од Општина Струмица подготвени да работат на локални предизвици

Петтиот и последен форум за млади лидери во рамки на проектот Зен 2.0 Караван е успешно реализиран.

На форумот земааа учество 11 лица на возраст од 16 до 24 години: 36% на возраст од 15 до 17 години, 63% на возраст од 18 до 24 години.

Младите на Форумот, кој се одржа на 14 февруари 2024 година, во просториите на Здружението Новус во Струмица, земаа активно учество во три менторски обуки. Обуките се однесуваа на три теми, обуката за јавен настап и креативно изразување, со цел унапредување на индивидуалните комуникациски вештини, обуката за индивидуално и групно застапување, со цел претставување пред различни институции и тела во рамки на правниот поредок во земјата, но и на меѓународно ниво и третата обука посветена на техники и методи за одржување на стабилен имунитет на физичко и психичко ниво.

Во периодот од 2 месеци ќе делуваат како неформална група, која ќе има за задача преку стекнатите вештини и искуства да создадат позитивни општествени промени. Дополнително, самите тие ќе предложат и изберат еден суштествен и значаен проблем од интерес за младите, но и за сите граѓани од општината и со поддршка на менторите ќе заземат активна улога и иницираат решенија за истиот.

По успешните форуми во Општина Аеродром, Гостивар, Битола, Куманово и Струмица, Зен 2.0 Караванот продолжува да ги поттикнува младите и преку нивно активно делување и иницирање промени да ги поврзе со локалните власти и надлежните институции за одбраниот проблем, со цел постигнување промена која е иницирана и остварена благодарение на нивните заложби.

Иницираните промени на младите лидери од 5 општини, кои веќе се во процес на имплементирање во Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и наскоро во Струмица, ќе бидат објавени на посебен настан во текот месец март 2025 година.

За повеќе информации и содржини следете не: Официјален инстаграм профил

Напишете коментар

Back to top button
close