Пејачката Сека Алексиќ со најновата објава предизвика целосен хаос на социјалната мрежа! Имено, Сека на својот Инстаграм профил сподели видео кое стана актуелно на социјалната мрежа и насмеа многумина до солзи.
Алудирајќи на трендовски клипови на социјалните мрежи, Сека Алексиќ се снимаше под туш како пие чаша црвено вино, а потоа се полева со истото.
„Јас кога ќе сфатам дека имам слободен ден“ – напиша Сека во описот на видеото на Инстаграм, а со оваа објава предизвика лавина од коментари.
Таа ја сними оваа снимка облечена во црн тесен фустан, со очила за сонце и обетки.
„Ова е лудост“, „Од сега па натаму вака ќе се туширам секој ден“, „Кралица, секоја чест за тебе, ти се восхитувам! Како се снаоѓаш со се, настапи, семејство, снимање, кои се многу заморни. Дајте ми рецепт за таква енергија“, се дел од коментарите на ова видео.
Погледнете ја објавата на нејзиниот инстаграм профил:
View this post on Instagram