ЉУБОВ И СЕКС

Какви љубовници се мажите во униформа? Кој е зајак, а кој полжав

Војниците не би станале од кревет, полицајците сакаат да се гушкаат, а пожарникарите сакаат да користат секс играчки…

Mazh vo uniforma

Мажите во униформа се подобри љубовници од другите мажи. Истражувањето во Америка покажало дека полицајците, пожарникарите, лекарите, војниците и занаетчиите имаат побогат и поинтересен сексуален живот бидејќи нивната професија делува на жените речиси како афродизијак. Сакаат да остават впечаток, а прочитајте како дамите ги опишале своите љубовници.

Работници

Работниците, особено занаетчиите, се многу љубопитни за сексот. Жените велат дека не се највештите љубовници, туку дека секогаш им подготвуваат нешто ново. Сексот со нив може да биде вистинска авантура.

Нежно и романтично, но не очекувајте ништо од предиграта.

Лекарите

Лекарите се многу нежни и романтични во кревет. Добри се во орален секс, но лоши во предиграта. Нивниот недостаток е што сексуалната врска со нив трае прилично кратко. Но, тие се исклучително активни и често имаат секс.

Пожарникарите

Пожарникарите предничат во користењето секс играчки, барем според ова истражување. Не сакаат кога жената ги отфрла, па ја убедуваат долго време. Дамите тврдат дека „жешките момци“ се тешки љубовници и се жалат дека сексот со нив понекогаш трае прекратко.

Обожаваат да се гушкаат, но се себични.

Полицајци

Според истражувањата, полицајците се добри љубовници, но изненадувачки е што сакаат да се гушкаат. Добри се во орален секс, малку внимаваат на предиграта, а исто така се себични – нивното лично задоволство е поважно од она на партнерот.

Војници

Војниците тешко ја прифаќаат незаинтересираноста на жената за секс, бидејќи тие не би станале од кревет. Знаат добро да го „загреат“ партнерот, но не се покажуваат како „маратонци“. Сакаат нежност и внимание и знаат да возвратат.

Напишете коментар

Back to top button
close