Turlitava.com

Два најскапи фустани во историјата на доделувањето на Оскарите! Еве кои актерки ги носеа, а цените ќе ве остават без здив (ФОТО)

Двата најскапи фустани во историјата на доделувањето на Оскарите ги носеа актерките Никол Кидман и Џенифер Лоренс, со цени од 2 и 4 милиони долари.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди се ближи, а многумина почнаа да се потсетуваат на највпечатливите модни изданија од оваа церемонија. Секако, еден од најинтересните податоци е кој фустан бил најскап во историјата на Оскарите.

Долго време рекордот го држеше фустанот на Никол Кидман од 1997 година, кој чинеше неверојатни 2 милиони долари.

Nikol Kidman 1997

Стануваше збор за креација на висока мода, дизајнирана од Џон Галијано за модната куќа Christian Dior. Овој фустан, кој Никол го носеше само на таа церемонија, остана запаметен како едно од најелегантните модни изданија на сите времиња.

Сепак, најскапиот фустан што некогаш се појавил на доделувањето на Оскарите беше оној што го носеше Џенифер Лоренс во 2013 година.

Неговата цена изнесуваше неверојатни 4 милиони долари.

Џенифер Лоренс блескаше во спектакуларен балски фустан со тесен горен дел без прерамки и раскошен, волуменозен долен дел.

Овој фустан остана запаметен не само по својата цена и дизајн, туку и по моментот кога актерката се сопна и падна на скалите додека одеше да ја прими наградата.

Интересен факт е дека оваа креација ја дизајнираше Раф Симонс за Christian Dior Haute Couture, а Лоренс во тој период имаше потпишано тригодишен договор со Dior во вредност од 15 милиони долари, што значеше дека на сите свечени настани носеше само нивни модели.

Exit mobile version