dm и „Матрона“ организираат бесплатна обука во Скопје за правилна исхрана кај деца и орална хигиена кај трудници и деца

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна едукативна и интерактивна обука на тема „Правилна исхрана кај деца во најрана возраст и важноста на оралната хигиена кај трудници и деца“. Настанот ќе се одржи на 17 јуни, во периодот од 17.30 до 19.30 часот, во „Јавна соба“, на ул. 50 Дивизија 22 во Скопје. Местата се ограничени, а сите заинтересирани треба да се пријават на електронската адреса info@matrona.org.

matrona obuka

Предавањето ќе го одржат прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и спец. д-р Бојан Ангеловски, стоматолог, кои преку стручни насоки и практични совети ќе се осврнат на две важни теми поврзани со здравиот развој на детето уште од најрана возраст. Учесниците ќе имаат можност да добијат релевантни информации за правилната исхрана кај децата, навиките што се формираат во првите години од животот, како и за значењето на оралната хигиена кај трудниците и децата. Како дополнителна поддршка, учесниците ќе добијат и специјален ваучер за 15% попуст за купување на babylove производите во dm продавниците.

Темите се од особена важност за идните родители, мајките и семејствата, бидејќи навремената едукација и пристапот до проверени информации можат да придонесат за подобра грижа, поголема сигурност и создавање здрави навики уште од најраната возраст. Преку интерактивниот формат на обуката, присутните ќе имаат можност за директна комуникација со стручните лица и за одговори на прашања поврзани со секојдневната грижа за здравјето на мајката и детето.

Оваа едукативна средба е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките, идните родители и семејствата. Годинешното издание на караванот започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, продолжи со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март, како и со обуката „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, одржана на 22 април.

Како дел од годинешната програма, на 20 мај во Битола беше одржана и бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“, со што „Караванот на мајчинство“ по втор пат годинава се реализира во живо. Настанот во Скопје претставува продолжување на оваа практика и овозможува директна едукативна средба со стручни лица, посветена на теми што се важни за секојдневието на современите семејства.

Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на семејствата пристап до релевантни информации, проверени стручни лица и практична поддршка во различни фази од родителството, преку теми што се значајни за здравјето, развојот и секојдневната грижа за најмладите.

dm drogerie markt и „Матрона“ и понатаму ќе продолжат со активности насочени кон едукација и поддршка на родителите, со фокус на проверени стручни информации, превенција и унапредување на здравјето на мајките и децата.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ