Кога доаѓаат „оние денови“ од месецот, телото поминува низ големи промени и често знае да предизвика незгодно или непријатно чувство. Всушност, скоро секоја втора жена се соочува со стомачни болки и тегоби за време на месечниот циклус, а уште поголем е бројот на жени кои се чувствуваат подуено, имаат главоболки или пак добиваат грчеви во мускулите и стомакот. Важно е да знаеш дека не си сама во оваа борба!
Здраво, јас сум Bestie! Тука сум ако сакаш да разговараш за интимните, но важни теми со кои се соочува секоја девојка, тука сум да ти дадам поддршка и да одговорам на твоите прашања. И имам чувство дека ќе бидеме најдобри другарки!
Ако и ти си дел од жените кои се соочуваат со менструални болки и непријатности за време на циклусот, тогаш остани со мене и обрни внимание на остатокот од текстот, бидејќи во продолжение ќе споделам со тебе неколку совети кои ќе ти помогнат да ја ублажиш и надминеш болката кога „имаш добиено“.
Првата работа што можеш да ја направиш кога ќе се појават првите болки е да се смириш и да не се изложуваш на претерана физичка активност. Тоа не е времето кога мора да се заврши се’ одеднаш. Наместо тоа, направи си чај од камилица, покриј ги стомакот и половината со ќебе или парче облека и стуткај се удобно во својот дом. Чајот од камилица ќе помогне да се ублажат болките, а топлината ќе ти даде комфор кој ќе ти помогне да се опуштиш и одмориш.
Иако понекогаш делува дека еден ред чоколадо ќе ти даде утеха за болката, запомни дека шеќерот не ти е пријател во таквите моменти. А истото важи и за тешката и мрсна храна, која може да направи да се чувствувате подуено и да ви предизвика грчеви. Наспроти ова, добар избор се храните кои имаат анти-воспалителен ефект, како домат или друг свеж зеленчук, ананас, бобинки и јаткасти плодови. Тие не само што имаат одличен вкус и се здрави за вас, туку и помагаат за подобра циркулација на крвта и опуштање на матката.
А кога конечно ќе се смириш и ќе заборавиш на болката, најди малку време за себе и смири го умот. Психичкото опуштање е подеднакво важно како и физичкото, па затоа не треба да го игнорираш гласчето внатре кое ти вели дека ти е потребен одмор. Си пробала ли некогаш тоа да го направиш со музика? Ако сакаш, можеш да ја провериш мојата Spotify плејлиста „Музичка ПМС терапија“, која ја направив токму за ваквите денови! Бидејќи, добра музика е секогаш добредојдена.
И запомни дека не поминуваш низ ова сама, туку секој ден насекаде низ светот милиони девојки се соочуваат со истите искуства и истите болки. И додека сме тука една за друга, нема да си никогаш повеќе сама.
#НикогашПовеќеСама е слоганот со кој dm сака директно да влијае кон подобрување на условите за менструална хигиена, особено кај младите девојки. Под овој слоган започна проектот преку кој беа поставени повеќе од 200 диспанзери со бесплатни влошки на државните универзитети, на тој начин придонесувајќи кон намалување на менструалната сиромаштија во земјата. А јас, Bestie, како дел од овој проект сум тука да те советувам како да ги надминеш тешките денови, да те расположам со добра музика и да ти дадам поддршка секогаш кога ти е потребна. Моите совети ќе ги најдеш насекаде низ медиумите, но и на профилите на социјалните мрежи на dm.
Никогаш повеќе сама!