АСТРОЛОГИЈА

За само 2 дена доаѓа настанот кој носи крај на еден животен циклус! Полната месечина кај Близнаците ја менува судбината на 4 хороскопски знаци

Пред нас е важен астролошки период, а тоа е полната Месечина кај Близнаците на 27 ноември, која го симболизира крајот на еден животен циклус и која не подготвува за нова животна фаза.
Близнаците се знак поврзан со комуникација, интелект, љубопитност и разновидност на интереси.

Полна Месечина во Близнаци

Кога Месечината е полна кај Близнаците, акцентот може да биде ставен на комуникација, споделување идеи и поврзување со другите на ментално ниво. Овој период може да поттикне желба за истражување на нови информации, учење, пишување или изразување преку различни форми на комуникација.

Близнаците се знак на двојност, па во овој период може да почувствувате внатрешна напнатост помеѓу спротивставените идеи или желби. Можеби ќе има потреба да се најде рамнотежа помеѓу различните аспекти на животот, како и потреба да се прилагоди на различни ситуации.

Полната месечина обично носи кулминација и може да изнесе одредени емоции или ситуации кои можеби дотогаш биле скриени. Кај Близнаците ова може да резултира со поголема потреба да се зборува за чувствата или да се споделуваат идеи кои претходно биле занемарени.

Астролозите се согласуваат дека полната месечина носи крај на животниот циклус, па многу луѓе ќе почувствуваат гнев, насобрани фрустрации, несоница, но и потреба да носат одлуки во афект.

Полната месечина кај Близнаците ќе биде тешка за Близнаците, Стрелците, Девицата и Рибите.

БЛИЗНАЦИ
Сè што ви се надоврза во последните недели конечно ќе кулминира. Ќе треба на сите отворено да им кажете што мислите без да размислувате дали тоа може да повреди некого. Затоа треба да бидете внимателни во комуникацијата.

СТРЕЛЕЦ
Доколку имате емотивна врска која е тешка, ова е последниот тест во 2023 година кој ќе ви одреди дали е предодредена да трае. Ако сте во брак, можна е криза.

РИБИ
Полната месечина кај Близнаците ви носи криза на работното место. Можно е во интервалот до 27 ноември силно да сакате да ја промените работата, па дури и професијата.

ДЕВИЦА
Полната месечина ви носи семејни проблеми и компликации низ домот. Не е најдобро време да се расправате со роднините.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close