Од сите 12 хороскопски знаци, Раковите најмногу се стремат кон сигурна и вистинска врска, полна со љубов во која нема место за прељуба.
Ракот никогаш не е целосно среќен додека не постигне длабока емотивна врска, а кога ќе се заљуби, секогаш размислува долгорочно. Бара личност со која ќе изгради стабилен дом и ќе основа семејство. Ракот дава многу, но и бара многу. Желен е за внимание, сака да му се покажува љубовта, но секогаш подеднакво „враќа“.
Она што исто така ги карактеризира Раковите е тоа што се трудат да го решат секој проблем што ќе им се појави во врската, бидејќи не сакаат ништо да им застане на патот на нивната љубов. Затоа, прељубата кај Ракот не е опција за решавање на проблемот.
Раковите најчесто се плашат за своите најблиски, особено за децата, а не толку за себе. Кога станува збор за нивните сакани партнери, тие без страв по секоја цена ќе застанат зад нив. Покрај тоа, тие најмногу ги ценат религиозните и духовните вредности повеќе од материјалните, а љубовта им е убедливо најважна!
Ракот се издвојува како најголем поддржувач на верноста, но уште неколку знаци не се склони кон прељуба. Тоа е Бикот, кој се стреми кон стабилност и е многу сигурен, Вагата, поради неговата вродена борба за правда и желбата за хармонична врска, Девицата затоа што е чувствителна и традиционална кога е во прашање љубовта и Јарецот затоа што е трпелив и работи на врската колку што е потребно.