Turlitava.com

Месечен хороскоп за јануари 2026: Полната Месечина во Рак ја менува судбината на 4 хороскопски знаци

На самиот почеток на Новата 2026 година нè очекува полна Месечина во Рак (3 јануари), која ќе донесе бран емоции што најсилно ќе ги почувствуваат Раковите, Вагите, Овните и Јарците. Сезоната на Јарец ќе бара поголема одговорност, додека вториот дел од месецот носи повеќе опуштање и дружење.

ОВЕН

Работа – Сонцето, Марс и Венера во Јарец во првиот месец од Новата 2026 година укажуваат дека од вас ќе се бара поголема одговорност и силен фокус на работата. Некои Овни ќе ја сменат позицијата во фирмата, додека други ќе се борат за остварување на своите амбиции. Работата ќе ви биде поважна од емотивниот статус во поголемиот дел од јануари. Кон крајот на месецот следува опуштање и повеќе време за слободни активности.

Љубов – Венера и Сонцето во Јарец ве насочуваат кон кариерата, па лесно можете да ја запоставите саканата личност. Слободните Овни ќе имаат познанство преку работа, а некои дури можат и да се заљубат во соработник. Од 23 јануари, кога Марс влегува во Водолија, ќе посакате повеќе дружење и ќе бидете поотворени за нови контакти.

Здравје – Послабо.

БИК

Работа – Нагласеното деветто поле на почетокот на Новата 2026 година ви носи можности за патувања и усовршување. Можно е да добиете понуда за работа во друг град или држава. Ова е идеален период за завршување курс или студии. Од средината на јануари работата станува приоритет, а можно е и унапредување.

Љубов – Венера во Јарец носи љубов поврзана со друг град или личност од далеку. Биковите во подолги врски можат да испланираат патување кое ќе го обележи почетокот на Новата година.

Здравје – Подобрување.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Јупитер во Рак носи стабилен финансиски почеток на 2026 година. Нагласеното осмо поле е одлично за решавање наследство или добивање спонзорство. Втората половина од јануари носи соработка со странство и повеќе патувања. Ќе се бара дополнително знаење, кое подоцна ќе можете добро да го наплатите.

Љубов – Венера во Јарец создава судир меѓу разумот и емоциите. Ќе барате страст, но и сигурност. Можно е познанство со личност што неодамна излегла од долга врска. Брачните Близнаци ќе разговараат за финансии, а заеднички бизнис со партнерот може да донесе голем профит.

Здравје – Добро.

РАК

Работа – Јупитер во вашиот знак до 30 јуни ја штити вашата позиција и носи среќни околности. Сепак, сезоната на Јарец носи повеќе обврски и притисоци, па ќе имате чувство дека секој ваш чекор се следи. Полната Месечина во вашиот знак на 3 јануари означува крај на еден циклус. Втората половина од месецот е подобра за финансии.

Љубов – Со поддршка на Јупитер, можни се судбински познанства. Венера и Сонцето во Јарец можат да донесат личност што е поразлична од вас, но позната во јавноста. Под влијание на полната Месечина ќе бидете почувствителни и склони кон конфликти.

Здравје – Послабо.

ЛАВ

Работа – Во Новата 2026 година влегувате со силен фокус на работата. Ќе бидете многу ангажирани и секој труд ќе ви годи. Ова е добар период за подобрување на работните навики. Некои Лавови ќе добијат нова, подобро платена, но предизвикувачка понуда.

Љубов – Венера во Јарец носи дилема меѓу срцето и разумот. Работата ќе ви одзема многу време, па обидете се да не го запоставувате партнерот. Во брак – не го оптоварувајте партнерот со работни проблеми.

Здравје – Внимавајте на исхраната и навиките.

ДЕВИЦА

Работа – Сезоната на Јарец носи креативен почеток на годината. Сатурн во Риби ги тестира вашите партнерства, но ова е последниот месец на притисоци. Од февруари следува олеснување. Искористете го јануари за да ги покажете вашите потенцијали и хобито да го претворите во профит.

Љубов – Венера во Јарец носи ново познанство. До средината на февруари конечно ја оставате минатата врска зад себе. Некои Девици мора да затворат старо поглавје за да бидат подготвени за нова љубов.

Здравје – Добро.

ВАГА

Работа – Марс и Венера во Јарец носат семејни тензии кои ќе влијаат на вашите одлуки. Можно е притисок од блиска личност. Иако почетокот на годината е стресен, од средината на месецот доаѓа олеснување. Важните одлуки оставете ги за втората половина на јануари.

Љубов – Почетокот на годината е тежок, но средината на јануари носи подобрување. Не носете радикални одлуки. Втората половина од месецот е поволна за љубов, а слободните Ваги ги очекува изненадување.

Здравје – Послабо.

СКОРПИЈА

Работа – Годината започнува со многу комуникација и важни одлуки. Можно е потпишување значаен документ. Во втората половина од месецот – теми поврзани со недвижности и работа од дома. Финансиите се стабилни.

Љубов – Венера во Јарец носи сериозни разговори и важни одлуки. Слободните Шкорпии ќе имаат повеќе допишување и кратки патувања. Јарците и Водолиите ќе ви бидат особено привлечни.

Здравје – Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Сезоната на Јарец носи финансиски успешен почеток на 2026 година. Можно е зголемување на плата или бонус. Втората половина од месецот носи повеќе комуникација и административни обврски.

Љубов – Можно е познанство со амбициозна и финансиски стабилна личност. Првиот дел од месецот бара сигурност, а вториот носи повеќе флерт и забава.

Здравје – Добро.

ЈАРЕЦ

Работа – Во Новата година влегувате со многу идеи и иницијатива. Обидете се да не ги сфаќате работните проблеми премногу лично. Можен е напредок и значителна заработка во втората половина на месецот.

Љубов – Венера во вашиот знак до средината на месецот носи можност за заљубување. Иако сте фокусирани на кариерата, една личност ќе ве заинтригира. Можно е познанство „по ваша мерка“.

Здравје – Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа – Нагласеното дванаесетто поле носи несигурност и сомнежи во првата половина на јануари. Не носете важни одлуки до средината на месецот. Полната Месечина на 3 јануари може да донесе криза на работа, но потоа следува пресврт.

Љубов – Венера во Јарец носи тајна љубов и скриени чувства. Од средината на јануари, кога Венера влегува во вашиот знак, започнува постабилен љубовен период.

Здравје – Психичка напнатост и несоница.

РИБИ

Работа – Иако сè уште се чувствува влијанието на Сатурн, во 2026 година влегувате порастеретено. Пријателите ќе ви бидат голема поддршка, а деловни шанси доаѓаат преку нив. Важните одлуки донесете ги до средината на јануари.

Љубов – Венера во Јарец носи љубов што започнува од пријателство. Брачните Риби ќе ја зајакнат врската, а слободните може да привлече Јарец. Од средината на месецот можна е тајна врска.

Здравје – Послабо од средината на јануари.

Exit mobile version