АСТРОЛОГИЈА

Љубовен хороскоп до 9 март: За Рибите, можност за тајна врска, Вагите лудо ќе се заљубат

Следната недела ќе биде особено интересна за Биковите, бидејќи ги следи љубов од кругот на пријатели.
Еве што очекува секој хороскопски знак кога е љубовта во прашање:

ОВЕН
Првата половина од неделата ќе биде особено поволна за љубов, иако целиот период е позитивен и ветува добри можности. Некој интересен лик можете да сретнете на место за рекреација и забава, во парк, во природа…

БИК
Можна љубов со некој од вашиот круг на пријатели или со некој што ќе го запознаете преку пријател. Во наредниот период таа можност е уште поверојатна отколку што беше досега. Ако не сте планирале да се движите меѓу луѓето, сменете ги плановите и повеќе дружете се.

БЛИЗНАЦИ
Интензивните дружења и нови контакти во наредниот период можат значително да ви помогнат во потрагата по љубов. Ќе уживате, а особено ќе ве привлекуваат имагинативните луѓе и оние кои имаат изразено влијание на планетата Нептун, поради што се сонувачи.

РАК
Ќе имате можност да поминете време со некој кој е заинтересиран за вас и тоа ќе ве наведе да возвратите на интересот. Ве интригира кога некој ненаметливо ви изразува искрено сочувство. Не сакате напорни луѓе.

ЛАВ
Ќе имате немирен семеен живот и можни се нервоза и конфликти со партнерот доколку живеете заедно. Сепак, кавгите нема да траат долго или да бидат сериозни, па многу брзо ќе се смирите. Најдобро е да не поминувате премногу време дома, да излезете и да бидете активни, тоа ќе ја разбуди енергијата на љубовта.

ДЕВИЦА
Ќе ве привлекуваат луѓе кои се авторитети или успешни на кој било начин. Многу е веројатно дека ќе остварите контакт со некој кој одговара на овој опис, а можно е тоа да не биде личен туку индиректен контакт.

љубовен хороскоп

ВАГА
Во љубовта ќе бидете непрактични. Веројатно лудо ќе се заљубите во првата личност која на било кој начин ќе ве заинтригира. Нема ни да е важно дали личноста што ви се допаѓа ќе ви возврати на чувствата или дали е можна врска.

СКОРПИЈА
Можно е да остварите физички контакт со некој што ве привлекува. Ако веќе имате партнер, преголемата активност може да ја оптовари врската. Бидете пољубезни и помалку нервозни.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете склони кон авантури. Ќе се радувате на нови можности за љубов. Доколку веќе сте во врска, новите искуства и авантури со партнерот ќе ја освежат вашата врска и ќе ја зајакнат вербата дека избраната личност е вистинската личност за вас.

ЈАРЕЦ
Ќе мора да бидете многу толерантни и поангажирани доколку сакате вашата љубовна врска да биде хармонична во овој период. Партнерот ќе бара внимание и нема да ви биде лесно да го исполните, но ако сакате хармонија, ќе треба да се потрудите.

ВОДОЛИЈА
Поволниот период за љубов се протега и до следната недела. Сега веќе нема да ви биде чудно што ве забележуваат секаде и секогаш и знаете како да ги искористите добрите прилики кои се појавуваат. Ќе почнете да флертувате „бесрамно“ ако веќе не сте.

РИБИ
Иако љубовта не е ваша преокупација во моментов, можно е да развиете љубов кон некој што би можеле да го опишете како „забрането овошје“. Се гледа можноста за тајна врска, а тајноста во љубовта обично е потребна само кога некој е веќе зафатен.

Напишете коментар

Back to top button
close