АСТРОЛОГИЈА

Љубовен хороскоп до 27 јануари: Девиците имаат кратка романса, Стрелците флертуваат, а еве кој е опседнат со Јарците

Венера, планетата на љубовта, го менува знакот и влегува во Јарец, каде што ќе донесе пресврт во љубовните врски за Јарците, Девиците и Биковите.

ОВЕН
Можно е да ве привлече некој роден под влијание на знакот Јарец. Иако ќе имате впечаток дека луѓето родени во знакот Јарец се слични на вас, тоа само изгледа така, а во основа Овенот и Јарецот се два различни знаци кои тешко можат да се разберат.

БИК
Веројатно нема да има некои важни настани во вашиот љубовен живот, особено ако сте сами. Ако веќе сте во врска, ќе бидете донекаде незадоволни бидејќи сте го запоставиле љубовниот живот и воопшто немате енергија за љубов.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете далеку повеќе заинтересирани за љубовта и се што се случува во вашиот љубовен живот. Ако веќе сте во врска, повеќе нема да го занемарувате партнерот, а доколку сте слободни, тогаш ќе имате можност да запознаете некој што ќе ви се допадне.

РАК
Бурниот период продолжува и во наредната недела. Треба да бидете многу тактизирани и свесни за тоа што се случува во вашиот љубовен живот и помеѓу вас и личноста со која сте, особено ако не сакате работите да тргнат надолу.

ЛАВ
Во наредниот период страстите и чувствата ќе ви бидат многу интензивни и лесно може да се случи поради тоа да бидете невообичаено љубоморни. Не можете ништо да направите за тоа, освен да бидете свесни за оваа тенденција и да се запрете ако станете деструктивни.

ДЕВИЦА
Се наоѓате во многу нестабилен период за љубов и можна е привремена разделба со партнерот доколку сте во врска. Доколку сте сами, можно е само да се дружите или да имате кратка романса со некого. Ако барате стабилност, ќе бидете разочарани.

љубовен хороскоп

ВАГА
Кризата која настана во вашиот љубовен живот ќе стивне и повторно ќе можете да се опуштите и да уживате. Не се справувате добро со конфликтите, не ви се допаѓаат и затоа сте подготвени на секаква жртва само за да го одржите мирот и хармонијата во врската.

СКОРПИЈА
Во првиот дел од неделата ќе продолжи да ве придружува среќата во љубовта. Од средината на неделата го напуштате овој плоден период во љубовта и повеќе нема да имате толку многу можности за љубов и со таков квалитет. Затоа искористете ги тие неколку преостанати поволни денови.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете склони кон флерт, поради што љубовниот живот би можел да ви се искомплицира. Изгледа дека ќе флертувате со повеќе луѓе без разлика дали сте во врска или сингл.

ЈАРЕЦ
Ќе ве привлекуваат луѓе кои носат одредена опасност или се на позиција на моќ, амбициозни и наметливи луѓе. Некој ќе ве фасцинира и ќе заборавите на се останато, за што подоцна може да зажалите.

ВОДОЛИЈА
Влегувате во поактивен период кога станува збор за љубовта, во кој помалку ќе размислувате и планирате, а повеќе ќе правите. Можеби дури и со своето однесување ќе ги ставите вашите чувства до сите, бидејќи ќе сакате вашата околина да знае кој ви се допаѓа.

РИБИ
Следниот период е многу напорен за се што има врска со партнерства, вклучително и љубовните партнерства. Може да налетате на некој од вашето минато со кој имате нешто да решите или сè уште имате чувства кон таа личност.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close