Џеси Форд, докторант по социологија на Универзитетот во Њујорк, спроведе студија која покажа дека младите мажи неволно се согласуваат на секс многу почесто отколку што се мисли.
Интервјуто со 39 студенти, кои се согласиле да имаат секс против нивна волја, откри различни причини за оваа појава.
Само осум мажи признале дека тоа го правеле пијани, додека останатите изјавиле дека не се чувствуваат поврзани, дека се уморни, дека немаат кондом, дека сакаат друг вид физички контакт или мислат дека партнерката во спротивно би ги сметала за помалку мажествени.
– Не сакав да се најдам во таа поза бидејќи сексот сепак беше еден вид емотивна работа за мене. Од друга страна, не сакав да изгледам чудно – вели еден од бруцошите што имал несакан секс.
– Мислев дека оваа девојка веројатно подоцна ќе им ја раскаже целата приказна на своите пријатели. Имаше и несвесен притисок што ни го наметнува околината – дека момците треба да уживаат во сексот во секоја ситуација – објаснил младиот човек.
Одговорите на мажите покажаа присуство на широк спектар на емоции и предрасуди: страв од засрамување или навреда на партнерот, страв дека партнерот ќе помисли дека е незрел, притисок секогаш да „сака“ секс и свесност дека сексот секогаш треба биде пријатно искуство, без разлика на се.
Младите мажи најмногу се загрижени дека околината ќе ги исмее ако одбијат привлечна жена; дека ќе ги викаат „девица“, „идиот“…
– Кога ќе ви пријде девојка, помислете „Во ред, ќе ја прифатам приликата“ бидејќи тоа речиси никогаш не се случува. Голем број луѓе се согласуваат на секс поради оваа причина, иако немаат вистинска желба за тоа – истакнал друг испитаник.
One Comment