Прескокни до содржината

Сабота, 7 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

МНТ домаќин на есенската конференција на Европската театарска конвенција во 2028 година

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Од 5 до 8 ноември 2026 година, во Софија, Бугарија, се одржува Меѓународна театарска конференција на Европската театарска конвенција (ETC), која обединува повеќе од 100 театарски професионалци од над 30 европски земји.

fb img 1793983586091

На конференцијата присуствува генералниот директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, кој денеска оствари средба со извршната директорка на ETC, Хајди Вајли. Во фокусот на разговорот беа подготовките за есенската конференција на ETC во 2028 година, чиј домаќин ќе биде Македонскиот народен театар во Скопје.

img d1976a9bccfe201a69108ad4e6fcb2cf v

„Со нетрпение очекуваме да ја пречекаме европската театарска заедница во Скопје, токму во оваа посебна година, кога нашиот град ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата”, истакна Кимовски.

Домаќин на годинешната конференција е Народниот театар „Иван Вазов” од Софија. Во фокусот на конференцијата се современите предизвици и можности за поврзување на европските театри, интеграција на новите технологии и зачувување на човечките односи како темелна вредност на театарското творештво.

За Македонскиот народен театар, организацијата на конференцијата во 2028 година претставува извонредна можност Скопје да биде место на средба, размена и соработка на европската театарска заедница.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566