Марс, Сатурн и Нептун престојуваат во Овен, па многумина ќе имаат потреба бурно да реагираат во секојдневните ситуации. Меркур влезе во Бик, што значи дека комуникацијата ќе биде постабилна. Венера е во Близнаци, па флертот преку пораки е нагласен.
Овен
Работа: Марс во вашиот знак ви носи силен налет на енергија и желба сè да решите веднаш. Сепак, сезоната на Бик бара да не прескокнувате чекори и да бидете практични.
Љубов: Во љубовта сте директни и страствени, а неделата ќе биде обележана со флерт. Заинтересирани сте за нови контакти. Можност за пократко патување.
Здравје: Послабо.
Бик
Работа: Фокусирани сте на себе и на своите цели. Имате можност да ја зацврстите позицијата на работа, но и да го наплатите својот труд. Меркур во вашиот знак ви носи одлични вести.
Љубов: Во љубовта сте привлечни и самоуверени, па лесно привлекувате внимание. Ќе запознаете личност која ќе ви го промени системот на вредности.
Здравје: Чувствително.
Близнаци
Работа: Пријателите ве наговараат да донесете деловна одлука, а вие не сте сигурни што е исправно. Внимавајте на избрзани одлуки.
Љубов: Венера во вашиот знак заедно со Уран ви носи необични познанства и промена на статусот преку ноќ. Ова важи и за Близнаците кои се во брак.
Здравје: Добро.
Рак
Работа: Марс и Сатурн од Овен бараат прилагодување на работното место. Неделата пред вас е добра за планирање далечни патувања.
Љубов: Венера и Уран во Близнаци ви носат необични познанства обвиени со „превез на тајна“. Ве привлекуваат мистериозни или зафатени личности.
Здравје: Послабо.
Лав
Работа: Деловната ситуација носи предизвици што ја тестираат вашата амбиција и трпение. Марс ве турка напред, но сезоната на Бик бара да градите чекор по чекор.
Љубов: Венера и Уран во Близнаци создаваат можности за нови романси, и тоа од пријателства.
Здравје: Добро.
Девица
Работа: На работа започнува период на големи промени за кои ќе имате чувство дека не сте подготвени. Можна е промена на професија.
Љубов: Венера во Близнаци ви носи флерт на работното место. Станува збор за комуникативна, но и многу амбициозна личност.
Здравје: Добро.

Вага
Работа: Нагласеното седмо и деветто поле укажуваат на соработка со странство, но и на можна промена на деловното партнерство.
Љубов: Ви годи Венера во Близнаци, па лесно можете да испланирате заедничко патување.
Здравје: Послабо.
Скорпија
Работа: Затрупани сте со деловни обврски. Работата ќе ви паѓа тешко, па важно е да најдете време и за себе.
Љубов: Во љубовта односот минува низ тест – се бара искреност и баланс помеѓу контрола и доверба. Можна е нова романса врз основа на силна страст.
Здравје: Послабо.
Стрелец
Работа: Комуникацијата на работа станува клучна и ќе дискутирате за идеи што треба да го унапредат работењето, но многу од тоа ќе остане само на празни ветувања.
Љубов: Влегувањето на Меркур во Бик ви носи запознавање преку работа. Една личност ќе се труди да ве шармира со зборови, а вие ќе очекувате конкретни дела.
Здравје: Добро.
Јарец
Работа: Приватните проблеми влијаат на вашата деловна ситуација. Поради тоа, многу Јарци ќе бидат растргнати меѓу семејните проблеми и натрупаните работни обврски.
Љубов: Во љубовта се буди страста – ако сте во врска, односот се загрева, а ако сте слободни, лесно можете да влезете во интересна романса.
Здравје: Послабо.
Водолија
Работа: Имате одлични идеи, но не знаете како да ги спроведете во дело. Сè ќе се одвива побавно отколку што замислувате.
Љубов: Венера и Уран во Близнаци ви носат многу контакти и повеќе излегувања. Задолжително прифатете покани за забави.
Здравје: Добро.
Риби
Работа: Пред вас е недела со повеќе комуникација, преговори и кратки патувања. Брзо размислувате и донесувате одлуки. Меркур ви дава можност за потпишување нов договор.
Љубов: Во љубовта флертот е нагласен, но и потребата јасно да кажете што сакате. Ќе се засили комуникацијата преку социјалните мрежи.
Здравје: Добро.






