Со доаѓањето на месец март се буди природата, но и нашиот организам. Ова е период кога посакуваме промена, чувствуваме позитивна енергија, и имаме нови очекувања. А тие најчесто се поврзани со самите нас, со нашето здравје, изглед, бидејќи од тоа се почнува.
И токму овој период пред Велигден, е време за постење, исхрана во помала количина, за почести а помали оброци. Дури и самиот Хипократ верувал во потребата од здрава исхрана, како начин за детоксикација на организмот, за подобрување на расположението кај луѓето и чувство на смиреност. „Здравјето и болестите доаѓаат преку устата“, а здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме.

Нутрицинистите предлагаат протеини кои содржат растителни влакна, како на пример Nutri Soup вкусна супа, која обезбедува долготрајно чувство на ситост и претставува совршено решение за да се издржи динамиката во текот на денот. Брзо се подготвува, за помалку од 1 минута и има помалку од 100 калории! Може да се спреми и на работа, може да замени оброк, или да се комбинира како меѓуоброк. Претставува вегански производ, добиен од сушен зеленчук, без ГМО и глутен, без вештачки адитиви и додатоци, го има во две форми, со вкус на домат и мешавина од различен зеленчук.
Придобивките од постот се неверојатни и воздржувањето од производи од животинско потекло може да биде позитивно за нашата благосостојба и здравје.
Треба, само да испланираме што ќе јадеме, и какви комбинации на храна и додатоци во исхраната ќе имаме. Не треба да се откажуваме ни од слаткото.
Ако сакаме да се засладиме, без да имаме грижа на совест, и тоа да биде здрав избор го имаме Nutri Shake нутритивно балансиран напиток со вкус на јагодам богат со природни состојки, витамини, растителни протеини и диетални влакна – кој ја подобрува дигестијата и метаболизмот, и создава чувство на ситост. Не содржи вештачки бои, адитиви или шеќери, што го прави погоден за луѓе кои постат, но и за сите оние со активен животен стил.
Со Nutri Soup и Nutri Shake постењето може да биде забавно! Мислете добри и позитивни мисли, јадете пополека и имајте почит кон храната која ја консумирате!





