РЕЦЕПТИ

Торта со бисквити, јогурт и јагоди – без печење, готова за само 20 минути

Сезоната на јагоди е во тек, затоа во прилог ви претставуваме десерт кој ќе ви се допадне со сигурност, не е многу благ и тежок за јадење а и лесно се подготвува.

Потребни состојки:

  • 500 ml јогурт
  • 200 g шеќер (може и обичен а може и во прав)
  • 400 g бисквити
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 gr свежи јагоди
  • 500 ml блага хопла

Торта со бисквити, јогурт и јагоди

Искршете ги бисквитите, додадете пола од шеќерот, јогурт и ванилин шеќер, па заедно измешајте добро, да впијат бисквитите.

Обложете калап или тавче со алуминиумска фолија и убаво распоредете ја смесата со лажица да нема празнини.

Во друг сад исечкајте ги јагодите на половинки или четвртинки (по ваш избор), ставете го остатокот од шеќерот, измешајте и посипете ги врз претходно подготвената смеса со бисквитите и јогуртот.

Хоплата се става во подлабок сад, се мати со миксер околу 5 минути и се посипува врз јагодите.

Се остава во фрижидер да отстои барем еден час и да омекнат бисквитите и е спремна за јадење. Наздравје!

Напишете коментар

Back to top button
close