На 44-годишна возраст почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина.
За неговата приказна и поврзаноста со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.
Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што од Трајковски се збогуваат неговите блиски, пријатели и почитувачи.
Неколку часа по неговата смрт, угина и жирафата која тој ја чуваше во скопската зоолошка градина. Вработените во Зоолошката градина денеска неколку часа се обидувале да ја спасат жирафата, но не успеале. За смртта на Флопи се очекува официјално соопштение од скопската Зоолошка градина.
Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава угина Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.
„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“, напиша на својот фејсбук-профил Тина Мицковска, задолжена за односи со јавност во скопската Зоолошка градина.
Сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите.