ЗАНИМЛИВОСТИ

Дали би ја пробале? Ова е најскапата пица на светот!

Италијанскиот готвач Ренато Виола со години е недофатлив во светот на гастрономијата. Неговата специјална пица наречена „Луј XIII“ ја пробале многу малку луѓе, а причината е цената – чини дури 12.000 долари! Ова е најскапата пица на светот!

пица

Пицата е со дијаметар од 20 сантиметри, но самата подготовка и филот се многу специфични и луксузни. Нараснувањето на тестото трае дури 72 часа, се користи посебен вид сол, а содржи три различни видови фин кавијар, свеж норвешки јастог, како и седум различни видови сирење.

Кога станува збор за најскапата пица, ниту пакувањето за ваква пица не може да биде обична. Шефот Ренато лично го подготвува и го носи на адресата заедно со уште двајца асистенти.

Тие служат специјални чинии, како и пијалоци за вкусен оброк. Поточно, готвачот со себе носи коњак „Remy Martin Louis XIII“, шампањ и ракија „Krug Clos du Mesnil 1995“, кои ги смета за исклучително важни за комбинирање со пицата што ја подготвува.

Напишете коментар

Back to top button
close