ЗДРАВЈЕ

Зошто внесувањето на протеини е важно за губењето на масни наслаги?

Протеините помагаат да се чувствуваме сити, помалку да внесуваме калории, помагаат во забрзувањето на метаболизмот, во зачувувањето на мускулната маса. Несомнено е дека со внесување на протеините во исхраната значително можеме да ги намалиме масните наслаги, и да ја намалиме тежината.

Факт е дека диетите се тежок предизвик за многумина, особено за луѓето во поодминати години. Во такви услови протеините се сојузник на сите оние кои што се борат со килограмите. Го намалува апетитот, го зголемува чувството на ситост и промовира губење на маснотии.

протеини

Кој протеин да го одбереме?

Протеинот од сурутка 100% WHEY е диететски извор на висококвалитетни протеини, со сите есенцијални  амино киселини неопходни за оптимално здравје. Има брза апсорпција и супериорна сварливост во однос на другите протеини. Изобилува со леуцин и е моќен катализатор за раст на мускулите и зајакнување на телото, бидејќи со стареењето природната мускулна маса се намалува и постои ризик од хронични болести. Тренингот и исхрана богата со протеин може да помогне за забавување или целосно исчезнување на негативните ефекти поврзани со стареењето. Истовремено помага и за обновување на мускулите по интензивните тренинзи.

Истовремено овозможува регулација на крвниот притисок, подобрена антиоксидантна одбрана. подобрена имунолошка функција (протеинот од сурутка преку зајакнување на производството на витални имунолошки клетки, поддржува силна одбрана од инфекции и болести).

Истовремено важно е да знаеме дека протеините имаат најголем термички ефект – т.е. нивната дигестија троши најмногу енергија и калории. Голема заблуда е дека од протеините “сами растат“ мускулите, бидејки тие како прво се неопходни не само за мускулите тука едноставно за создавање и обнова на сите клетки, потоа хормони, за самата молекула на ДНК-то, нешто што е особено важно за постарите кои со стареењето губат од мускулната маса секоја година по некој процент.  Постарите треба повеќе да внесуваат протеини бидејки со поголема мускулна маса се одржува подобро здравје на скелетот и локомоторниот систем (држењето, одењето итн) а зголемената мускулна маса исто така го намалува и ризикот од појава на рак.

Благосостојбата и здравјето се исклучително битни во зрелите години, протеинот од сурутка помага да се води поактивен и поисполнет живот, поддржувајќи ја мускулната маса.

Направете го првиот чекор кон поздрав животен стил со протеинот од сурутка 100% WHEY, идеален за појадок, ужина или оброк пред и по вежбање. Обезбедува енергија и хранливи материи потребни за оптимални перформанси и брзо опоравување.

За повеќе информации, посетете го веб сајтот https://naturatherapy.mk/.

Напишете коментар

Back to top button
close