ЗДРАВЈЕ

Пролетно слабеење: Диета која може да ви помогне да изгубите килограми во март

Штом започнат топлите мартовски денови и дојде време да ги соблечете зимските јакни, главното прашање за многу жени е – како ќе изгледаат во тенка пролетна гардероба. Размислуваме за краш диета!

Подготвени сме да почнеме да жртвуваме оброк или два, гладувајќи по неколку часа на ден, се заради подобра фигура и желба да влеземе во минатогодишните здолништа. Нутриционистите велат – тоа е голема грешка!

храна

Не случајно во многу земји март е прогласен за месец на здрава исхрана, а целта на различните програми е да се поттикне ориентација кон исхрана што е можно побогата со витамини.

Со други зборови, можете да работите на слабеење, но бидете многу внимателни да не го воведете вашето тело во некаква инсуфициенција во однос на витамини или минерали.

За да успеете во тоа, искористете ја се побогатата понуда на свеж зеленчук. Тоа значи – што е можно помалку храна „од кутијата“, а колку што е можно повеќе – од градината. Време е главните оброци да се состојат од салати, на кои можете да ја зголемите хранливата вредност со додавање на јаткасти плодови или путер од кикирики.

Ограничете ја употребата на преработена храна што е можно повеќе. Тоа значи дека треба целосно да ги исфрлите засладените пијалоци и „брзата храна“, а наместо да купувате салама и да правите сендвич, намалете го „белото месо“ и уживајте во супа и тортиља со пилешко, кечап и намаз од краставици.

Третото правило е – задолжителни пет оброци дневно. Основата треба да биде салата, па слободно подгответе однапред зеленчук кој може да стои измиен и сецкан до три дена во фрижидер. Проверете дали е во херметички затворени кутии. Можете и однапред да подготвите тврдо варени јајца и да додадете варено или печено месо, разни семки и јаткасти плодови. Ужините треба да бидат овошни, а за појадок може и тост.

Секако, со првите убави денови зголемете ја „дозата“ на чист воздух и поминувајте што повеќе време во прошетки и спортски активности.

Напишете коментар

Back to top button
close