ЗДРАВЈЕ

Пијалок кој прави чуда: Ве буди подобро и од кафето а ги топи и килограмите!

Кафето не е најдобриот избор кога станува збор за првиот утрински пијалок, но можете да го замените со овој, кој многу подобро ќе ве разбуди.

Сите веќе знаат дека лимонот е најпознатото цитрусно овошје во светот. Постојат многу начини да го консумирате, а интересното е што никогаш не се јаде сам или како цело овошје.

пијалок од лимон

Често е украс за оброците, а неговиот сок често се користи за да се добие кисел вкус, кој има различни придобивки.

Одличен извор на витамин Ц и влакна, лимонот содржи многу растителни соединенија, минерали и есенцијални масла.

Ова жолто овошје има и многу потенцијални здравствени придобивки.

Јаглехидратите во лимонот се состојат првенствено од влакна и едноставни шеќери, како што се гликоза, фруктоза и сахароза. Главното влакно во лимонот е пектинот.

Растворливите влакна како пектинот можат да го намалат шеќерот во крвта со забавување на варењето на шеќерот и скробот, пишува Healthline.

Диететските влакна се важен дел од здравата исхрана и се поврзани со бројни здравствени придобивки.

Овој рецепт за напиток од лимон е многу лесен за подготовка, а најдоброто е што ќе не разбуди подобро од секое утринско кафе, но и ќе помогне во согорувањето на несаканите калории.

Состојки за пијалок од лимон:

– Вода,
– Сода,
– Лимон,
– Парче свеж ѓумбир
– Каенски пипер во прав.

Начин на подготовка:

Истурете сода бикарбона во вода и додадете лимон. Исцедете ги двете половини од лимонот, а потоа исечете ја кората на парчиња. Потоа, во тенџере ставете ги лимонот и кората и изрендајте го коренот од ѓумбир. Истурете 700 милилитри вода во садот. Во таа смеса додадете една лажица каенски пипер во прав и оставете да се вари околу пет минути. После тоа време, процедете ја смесата. Додадете и исцеден лимон и уживајте!

Познато е дека лимонот е освежителен, но овој пијалок ќе ви помогне да согорите калории благодарение на додавањето на каенски пипер.

Напишете коментар

Back to top button
close