ЗДРАВЈЕ

Пет намирници кои можат да ви помогнат да се ослободите од главоболката

Доколку ве мачи главоболка, освен лековите може да ви помогне и храната. Во продолжение прочитајте за која храна станува збор.

главоболка

Банани
Ако чувствувате дека доаѓа напад на мигрена, наместо преработена храна како слатки, подобро е да се свртите кон бананите. Нивната тајна е во тоа што брзо даваат многу енергија и содржат многу магнезиум, кој благотворно делува на луѓето кои страдаат од главоболки. Освен тоа, дури 74 отсто од бананата е вода, па затоа е одлична и за хидратација на организмот.

Семиња
Со оглед на тоа што недостатокот на магнезиум е еден од најчестите нутритивни предизвици, дополнувањето на овој минерал е задолжително, а во големи количини може да се најде во семките од чиа, семките од тиква и ленот.

Билни чаеви
Покрај тоа што чајот хидрира, ако внимателно ја изберете билката, можете да ги ублажите симптомите на мигрена. На пример, нането е познато по тоа што го ублажува притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом на синусна главоболка, а чајот од нане ќе помогне и кога се вдишува и кога се пие.

Чоколадо
Ако ве боли глава затоа што сте го намалиле или целосно сте го исклучиле кафето, јадете повеќе темно чоколадо. Покрај тоа, темното чоколадо е богат извор на магнезиум.

Печурки
Во некои случаи, главоболките се јавуваат поради слабата апсорпција во цревата, каде што витаминот Б2 може да помогне. Најмногу го има во печурките, потоа јаткастотот овошје и јајцата, а делува и како превенција од главоболки поврзани со мигрена.

Напишете коментар

Back to top button
close