Ако сте лупеле овошје и зеленчук и сте ја фрлале кората, престанете. Во повеќето случаи, таа е побогата со витамини и минерали од самото овошје. И ако го правите тоа за да ги отстраните пестицидите, можете да ги потопите во вода и сода бикарбона. Кое овошје и зеленчук е подобро да се јаде со кора?
Портокал – Кората содржи двојно повеќе витамин Ц од месото, како и поголема количина на калциум, магнезиум, калиум и четири пати повеќе влакна од цел портокал. Изрендајте го во салати и колачи.
Краставица – Нејзината кора содржи состојка која помага во создавањето колаген во кожата, правејќи ја затегната и свежа.
Морков – Кората има антибактериски и антиинфламаторни својства.
Јаболко – Кората има многу повеќе состојки кои го штитат организмот од рак отколку овошјето, исто така е богата со пектин, кој го намалува холестеролот и помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Компири – Kората има седум пати повеќе калциум и 17 пати повеќе железо од истото количество овошје! Содржи и многу калиум, магнезиум, витамини Б6 и Ц.
Лубеница – Здравите состојки се наоѓаат во лесниот дел од кората. Една од нив е аминокиселината цитрулин која помага во проширување на крвните садови и со тоа ја подобрува циркулацијата. Слатките се прават од кора од лубеница.
Модар патлиџан – Сината боја доаѓа од моќниот антиоксиданс кој штити од рак, особено од нервниот систем. Кората е богата и со состојки кои ја подмладуваат кожата.