ЗДРАВЈЕ

Новите протеински барови на Виталиа вистински хит на PLMA Амстердам 2023

Виталиа и оваа година учествуваше на меѓународниот трговски саем PLMA, Амстердам меѓу лидерите во индустријата за здрава храна и се претстави со својата нова иновативна линија на протеински производи прилагодена на современиот начин на живот и на потребите на модерниот потрошувач.

Според Пеги Дејвис, претседателка на PLMA, интересот околу овогодинешниот PLMA беше огромен. „Горди сме што и оваа година PLMA е местото каде што можат да се истражуваат нови бизнис можност и во категориите на храната и надвор од неа, и каде што сегашните партнерства можат да се прошируваат и растат“, изјави Дејвис.

ffff

Посетителите покажаа посебен интерес за функционалноста на производите на Виталиа, начинот на нивна консумација, состојките кои ги содржат, но и современиот дизајн кој особено влијае на изборот на потрошувачите.

ffff

Како учесник на овој престижен настан, Виталиа ги претстави и своите најнови протеински барови. Секој бар содржи 35% протеин, што ги прави овие барови идеален избор за оние кои стремат кон остварување на успешни фитнес резултати  и одржување на активен животен стил. Баровите содржат три типа на протеин – млечен протеин, колаген и протеин од сурутка изолат – што гарантира квалитетен внес на протеини, комбиниран со неодоливи вкусови.

PLMA VITALIA 02

Новите протеински барови Виталиа се внимателно формулирани за да се усогласат со потребите на потрошувачите кои се грижат за сопственото здравје. Тие се без додадени шеќери и богати со влакна, промовирајќи го дигестивното здравје и обезбедувајќи одржлива енергија. Дополнително, тие се збогатени со магнезиум, витален минерал кој поддржува различни телесни функции, вклучително и мускулна и нервна функција.

Во сегментот New Product Expo, компанијата се претстави и со нова Пребиотик линија. Со длабоко разбирање за важноста на дигестивното здравје, Виталиа има за цел да им обезбеди на потрошувачите ефективни решенија за поддршка на нивното здравје и целокупната благосостојба.

PLMA VITALIA 01

Пребиотиците играат клучна улога во негување на корисни бактерии во нашиот дигестивен систем, промовирајќи здрава цревна микрофлор. Со селективно стимулирање на растот и активноста на овие корисни бактерии, пребиотиците помагаат во одржувањето на дигестивниот баланс, го зајакнуваат имунолошкиот систем и ја подобруваат апсорпцијата на хранливи материи. Препознавајќи ги значајните придобивки од пребиотиците, Виталиа разви линија на Пребиотик производи кои им олеснуваат на потрошувачите да ги вклучат овие основни компоненти во нивната секојдневна рутина.

Оваа година, повеќе од 2600 учесници и 15,000 посетители од 125 различни земји имаа можност да погледнат нови производи, да се запознаат со идните трендови и да ги прошират нивните бизнис мрежи.

Напишете коментар

Back to top button
close