ЗДРАВЈЕ

Колку шеќерот е корисен и штетен за човекот – Факти кои ќе ве натераат да внимавате!

Шеќерот секојдневно го внесуваме преку исхраната на најразлични начини.

Мусли, овошни јогурти, протеински плочки и слично, но има многу повеќе шеќер отколку што си мислиме.

Сите мислиме дека еден таков производ може да ја задоволи дневната потреба на организмот за шеќер.

шеќер

Покрај сахарозата, не треба да ги заборавате и другите извори на шеќери. Тука се фруктозата, малтозата, шеќерен инвертиран сируп, хидролизиран скроб и други.

Експертите сметаат дека шеќерите не треба да надминуваат повеќе од 5% од вкупната енергија, односно внесени калории, преку храната и пијалоците во текот на денот.

Тоа од прилика изнесува 30 грама, односно околу 7,5 кафени лажички шеќер.

– Возрасни: не повеќе од 30 грама (еквивалент на 7 коцки шеќер)

– Деца од 7 до 10 години: не повеќе од 24 грама (еквивалент на 6 коцки шеќер)

– Деца од 4 до 6 години: не повеќе од 19 грама (еквивалент на 5 коцки шеќер)

– За деца под 4 години се препорачува да не се конзумираат засладени пијалаци и храна со додаден шеќер.

Овие количини се однесуваат на слободните шеќери, односно шеќер што се додава во храната во процесот на производство, како и на шеќерите во мед, сирупи и овошни окови.

Шеќерите во млекото, овошјето и зеленчукот не се сметаат за слободни шеќери и на нивната содржина не треба да се обрнува многу внимание, но не треба и да се занемаруваат.

Напишете коментар

Back to top button
close