Дебелината, високиот крвен притисок и високите нивоа на лош холестерол го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, срцев удар и мозочен удар. Поточно, доколку имате високо ниво на лош (ЛДЛ) холестерол и ниско ниво на добар (ХДЛ) холестерол, треба да промените некои животни навики и да внимавате на исхраната.
Затоа се препорачува да се исклучат од исхраната храна која го зголемува холестеролот. Примарно се мисли на бисквити, вафли, индустриски колачи и десерти кои содржат хидрогенизирано или делумно хидрогенизирано растително масло или маснотии. Коцките за супа, солените грицки и пекарските производи може да содржат и хидрогенизирани масти, па затоа е важно внимателно да ги прочитате декларациите. Треба да ги избегнувате месните производи, особено месните преработки, но и жолчките, морските плодови и остатоци од месо. Последните три содржат високо ниво на холестерол.
Важно е да јадете помали оброци, да не се прејадувате и да претпочитате да посегнувате по незаситени масти кои добро делуваат на циркулаторниот систем. Затоа се препорачуваат семки, овес и авокадо. На пример, два оброци кои вклучуваат овес (вкупно 60 грама) можат да го намалат ЛДЛ холестеролот за 5,63 проценти за 6 недели. Но, со висок холестерол, добредојдени се уште неколку намирници.
Секако, за да го држите холестеролот под контрола, треба редовно да вежбате и да избегнувате пушење и алкохол.