ЗДРАВЈЕ

Четири причини зошто треба да јадете млад власец

Allium Schoenoprasum (Chives) или кај нас познат како власец е вид растение од родот на луковите во потесно сродство со лукот, козјиот лук (шалот), празот, кромидот и кинескиот кромид. Власецот е растение кое потекнува од Европа, Северна Америка и делови од Азија, но денес е многу застапено низ целиот свет, бидејќи стана многу популарен додаток на многу јадења.

власец

Во Полска и Германија, исечканиот власец се меша со урда. Во Франција важи за едно од најценетите зачински растенија, заедно со естрагонот, крбулицата и магдоносот. Во многу земји се продава свеж преку целата година, но може и да се замрзнува, бидејќи тоа не влијае на вкусот. Растение е корисно и во градината бидејќи ги одвраќа штетните инсекти. Овој вкусен и нежен зеленчук е богат со вредни хранливи материи и ни нуди бројни здравствени придобивки.

1. Може да го подобри здравјето на срцето
Едно од најважните органски соединенија кои се наоѓаат во власецот е алицин, кој е поврзан со намаленото ниво на „лошиот“ холестерол во телото и подобрување на здравјето на срцето. Алицинот е поврзан и со намалување на крвниот притисок.
Друго органско соединение кое може да се најде во власецот е кверцетинот, кој е директно поврзан со намалувањето на нивото на холестерол и наслагите во артериите.

2. Го зајакнува имунитетот
Високото ниво на витамин Ц во власецот може да помогне во зајакнувањето на ефикасноста на имунолошкиот систем преку стимулирање на производството на бели крвни зрнца; исто така, го стимулира производството на колаген, кој е суштинска компонента во создавањето на нови крвни садови, клетки, ткива и мускули.

3. Влијае на коските
Има широк спектар на витамини и минерали кои се наоѓаат во власецот, но еден од најважните секако е витаминот К, кој е задолжителен во исхраната, а кој не е толку распространет во обичната храна. Витаминот К е многу важен за одржување на коскената минерална густина и интегритетот на коските.

Високото ниво на витамин К, како што е она што се наоѓа во власецот, може да помогне во производството на остеокалцин, кој е клучен дел за одржување на минералната густина на коските.

4. Одлично за детоксикација
Власецот има благи диуретични својства и во комбинација со други карактеристики поврзани со неутрализација на слободните радикали и антибактериски својства, тој е одличен природен начин за детоксикација на организмот.

Стимулирајќи го мокрењето, младиот власец може да му помогне на телото да ги исфрли вишокот токсини, сол, вода, па дури и масти – што се рефлектира во подоброто функционирање на сите органски системи.

Напишете коментар

Back to top button
close