ЗДРАВЈЕ

Чај од куркума – Напиток кој спречува настинки, полн со железо и бакар

Придобивките од овој напиток се многубројни, а пред се е одличен за зајакнување на имунитетот и заштита од настинки. Чајот од куркума е богат со витамини, минерали и други корисни соединенија, првенствено куркумин, кој е моќен антиоксиданс, како и со манган, железо и бакар.

Чај од куркума

Овој чај има и антиинфламаторни својства, може да го смири воспалението и да помогне во лекување и превенција на хронични воспалителни болести. Исто така ги смирува болките во грлото и има антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.

Одличен е и за кожата, особено за акните, а добар е и за концентрација и ослободување од главоболка.

Напишете коментар

Back to top button
close