ЗДРАВЈЕ

Бразилски ореви – Го зајакнуваат имунитетот и го штитат срцето

Овие јаткасти плодови се полни со витамини, минерали, протеини, масти, јалени хидрати и влакна, па се сметаат за исклучително квалитетна намирница, особено поради невообичаено високата содржина на селен. Еве неколку причини зошто би требало да ја вклучите оваа намирница во секојдневната исхрана.

бразилски ореви

Помага во негата на кожата и при проблеми со акни

Високата содржина на цинк во оваа намирница штити од акни и го „ублажува“ нивниот изглед. Маслото од бразилски орев исто така е богато со витамини и антиоксиданси кои ја негуваат кожата. Селенот и дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност, со што се спречува претераното стареење. Селенот е особено ефикасен во комбинација со витамините Е и А, па затоа јадете бразилски ореви заедно со бадеми.

Го подобрува здравјето на срцето

Бразилскиот орев има ненадејно висока содржина на незаситени масти, кои се поврзани со одржувањето на рамнотежа на „добриот“ и „лошиот“ холестерол во организмот и подобрување на здравјето на срцето, главно елиминирајки ги опасните омега-6 масни кислеини од телото и кардиоваскуларниот систем.

Помага при губење на килограмите

Хранливите материи како влакната, протеините и сложените јаглени хидрати го прават бразискиот орев прилично квалитетна намирница. Сепак, околу 30 грама од плодовите содржат речиси 200 калории, па се советува да го ограничите внесот. Сепак, умерената консумација може да помогне при слабеењето.

Го поттикнува системот за варење

Влакната го олеснуваат движењето на храната во дигестивниот систем и извлекуваат што е можно повеќе хранливи материи. Тоа исто така помага и во спречувањето на појавата на желудечен чир, запек, надуеност, грчеви и сериозни состојби како ракот на дебелото црево.

Антиоксидансите и органските материи кои ги содржи ја прават оваа намирница силен кандидат за еден од најважните имунолошки потенцијали. Сожината на витамин Ц совршено ги поврзува селенот и цинкот, за да го стимулира производството на бели крвни зрнца и антиоксидативни соединенија во организмот, за телото да ги неутрализира слободните радикали. Сето тоа помага во спречувањето на многу хронични болести, вклучувајчи го и ракот и срцевите болести.

Не се советува консумација на повеќе од два бразилски ореви на ден. Според Американскиот национален институт за здравје, надминување на препорачаната дневна граница од две бразилски ореви, сепак, може да доведе до симптоми, вклучувајќи мирис на лук, гадење, дијареа, осип на кожата, вкус на метал во устата, губење на косата и ноктите и промена на бојата на забите.

Напишете коментар

Back to top button
close