ЗДРАВЈЕ

7 причини зошто секое утро да го започнете со овој здрав и енергетски напиток!

Морковот е една од оние намирници што во секое време е лесно достапен и со кој може да направите здрав и енергетски напиток. Еве ги здравствените придобивки кои ви ги нуди овој зеленчук.

1. ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ
Ова е особено важно во текот на сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и спортот, можете да пиете и чаша сок од морков, во која има многу витамин Ц, кој како што веќе знаете самото тело не е во состојба да го произведе.

2. ГО ПОДОБРУВА ВИДОТ
Речиси сите знаат дека ова е вистина: витаминот А не само што е моќен антиоксидант, туку и е важен извор на храна за очите. Недостатокот на витамин А предизвикува ноќно слепило.

3. ПОМАГА ДА НЕ ЈАДЕТЕ НЕЗДРАВА ХРАНА
Кога нешто ви се јаде (најчесто од досада), најчесто посегнувате по бонбони или чипс. Но, ако наместо тоа пиете сок од морков, ќе се чувствувате сити подолго време. Во една чаша сок има повеќе од 2 г протеини, така што ова е одлична ужина.

DHus od morkov

4. ЈА ПОДОБРУВА СОСТОЈБАТА НА КОЖАТА
Благодарение на витамините А и Ц, кожата бргу зараснува, произведува повеќе колаген, а клетките стануваат здрави.

5. ГО КОНТРОЛИРА ПРИТИСОКОТ
Ако боледувате од хипертензија, сокот од морков дефинитивно ќе ви помогне. Калиумот помага во отстранувањето на негативните ефекти на солта и го држи притисокот под контрола. Калиумот исто така е добар и за срцето.

6. ПОМАГА ПРИ СТОМАЧНИ ПРОБЛЕМИ
Сокот од морков ќе ви помогне при надуеност. Ја намалува количината на гасови и помага во нормалното варење.

7. ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ
Сокот од морков помага и при одржување на холестеролот што има благотворно дејство на здравјето на целото тело.

Напишете коментар

Back to top button
close