Покрај фармацевтските шампони кои се препорачуваат за елиминирање на првутот, постои и природна варијанта на шампон која можете да ја пробате.
За шампонот да биде што поефективен и што поедноставно да се ослободите од првутот, потребно е скалпот да се третира со дополнителен третман во форма на маска од масло. Маската за коса ќе помогне наслагите од првут полесно да се одвојат од кожата и воедно ќе ги нахрани влакната, па тие ќе бидат сјајни.
Состојки:
- Поголем корен од целер
- Половина литар вода
Подготовка:
Целерот исечкајте го на поголеми коцки. Оставете ја водата да зоврие, па кога ќе зоврие додадете ги коцките целер и варете додека не зоврие половина од водата. Потоа оставете ја течноста да се излади и добро изблендирајте ја во блендер. Течноста треба да има конзистентност на класичен шампон за миење коса.
Нанесете маслиново или кокосово масло на косата, завиткајте ја косата со алуминиумска или проѕирна фолија и оставете ја оваа маска со масло да делува околу два часа. Потоа исплакнете ја косата со топла вода, а потоа нанесете шампон од целер и измијте ја косата како и обично. Правете го овој третман два пати неделно.