Оризот е неверојатен извор на линолеинска киселина и сквален, моќен антиоксиданс кој го стимулира производството на колаген. Вториот го успорува создавањето на брчки на кожата и ја штити од негативното влијание на сонцето. Оризот исто така е полн со витамин Е и гама орсинол, познат по својата способност да го заштити срцето и да го намали нивото на холестерол во крвта.
За жал, освен Јапонците, повеќето луѓе не се свесни за овие факти. Оризот навистина прави чуда кога станува збор за подмладување. Ви пренесуваме едноставен рецепт за да ја направите оваа супер едноставна маска за лице која ќе го подобри вашиот тен и ќе ги измазни брчките.
Состојки:
– 3 лажици ориз
– 1 лажица млеко
– 1 лажица мед
Подготовка:
Сварете го и процедете го оризот. Зачувајте ја водата што излегува од него. Во кашата (сварениот ориз) додадете една лажица топло млеко и една топла лажица мед и измешајте. Нанесете ја маската од овој раствор на чиста и сува кожа. Оставете го на лицето додека не се исуши целосно. А потоа исплакнете го со водата во која сте го свариле оризот.
Оризовата вода има силни антиоксидантни својства. Ја навлажнува кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта. Оваа вода исто така помага да се отстранат старечките дамки и да се ублажат воспаленијата на кожата. Можете да го користите пред сончање: ќе ја хидрира кожата и ќе ја заштити од создавање на нови брчки.
За оптимални резултати, се препорачува маската од ориз да се нанесува најмалку еднаш неделно. Повторете ја оваа постапка неколку пати – и ќе изгледате 10 години помлади.