УБАВИНА

Нахранете го лицето со мед и витамини! Природни маски за чувствителна и дехидрирана кожа

Време е да ја промените негата на кожата. Студот, ветерот и сувиот воздух ја оштетуваат кожата – станува сува и почувствителна…

Домашна маска за лице

Дерматолозите велат дека тоа можеме да го спречиме со адекватни препарати за нега, но во тоа можат да ви помогнат и природните маски кои лесно се прават. Во согласност со карактеристиките на кожата, изберете еден од природните третмани кои ќе ја заштитат вашата кожа и ќе го забават стареењето.

Маска со банана и авокадо за сува и чувствителна кожа на лицето

  • половина зрело авокадо
  • банана
  • лажица мед

Во сад добро изгмечете ги бананата и авокадото, додадете мед и мешајте додека не добиете мазна смеса. Маската ја нанесувате на кожата на лицето, која претходно сте ја исчистиле и измиле со топла вода за да и се отворат порите. Третманот треба да делува 10 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

Авокадото е богато со протеини и витамини А, Е и Б, кои ја негуваат и хидрираат кожата, а со состојките на бананата и медот ја прават поотпорна на студ.

Маска со мед и лимон за мрсна и комбинирана кожа

  • три лажици мед
  • една лажица исцеден сок од лимон

Измешајте ги состојките, па нанесете ги на претходно исчистената кожа на лицето. Чувајте ја маската 20 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

Медот ја обезбедува кожата на лицето со потребната влажност и ја храни, а лимонот со оглед на тоа што содржи витамин Ц дополнително ја чисти и го регулира лачењето на себум.

Маска со јогурт и алое за дехидрирана кожа

  • две лажици грчки јогурт
  • лажица сируп од агава
  • лажица органска алое вера

Добро измешајте ги сите состојки. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува помеѓу 20 минути и еден час, во зависност од тоа колку е дехидрирана вашата кожа. Измијте со млака вода.

Јогуртот содржи липиди и млечни киселини, кои ја хидрираат кожата и ја прават помека и поеластична, за што помага и алое вера.

Напишете коментар

Back to top button
close