Најдобриот почеток на годината ќе биде ако постигнете подобрување на состојбата на кожата особено ако се соочувате со атопична кожа. Ако сте еден од оние кои имаат сува кожа, и ве мачи константно чешање, црвенило и атопична кожа, потребно е да се најде суштинско медицинско решение кое влијае на причините за појава на сува кожа.

Колекцијата на Еуцерин AtopiControl е специјално дизајнирана за уникатните потреби на ваков вид на кожа и нуди фазна, адаптирана рутина за нега која опфаќа и дневна нега и сериозен третман. Производите содржат единствена мешавина на ликохалкон А и церамиди, состојки од природно потекло, кои ја смируваат кожата и го намалуваат црвенилото и иритацијата. Церамидите се витални за здрава кожа, ја зајакнуваат бариерата на кожата, ја хидрираат кожата и не дозволуваат надразнувачи.
![]()
Кремата за акутна нега Еуцерин AtopiControl е создадена за итно олеснување и претставува моќна иновација за интензивна нега насочена кон основните проблеми на атопичност: чешање, сувост и компромитирана кожна бариера. Како што се хидрира кожата и се храни, така се намалува потребата за чешање и се обезбедува неопходниот одмор од непријатност. Дополнително, формулата ја зајакнува природната одбрана на кожата и да го издржи стресот од надворешните иритации.
Како да го решите проблемот со акните?
https://www.tiktok.com/@eucerin.nmk/video/7575104732524498232





