Како што високите температури стануваат секојдневие, така и се’ повеќе жени почнуваат да ја бараат идеалната комбинација од пудра за нега на кожа и крем за сонце со заштитен фактор. Најчесто, овие два производи тешко се комбинираат и ја отежнуваат задачата во летните месеци. Но, сега е тука Eucerin Sun Face Oil Control Tinted SPF 50+ Light со двојно дејство, кој ќе ви помогне да ѝ ја понудите на вашата кожа негата која ѝ е потребна за таа да биде здрава, убава и сјајна.
UV зраците остануваат најголема опасност од топлото сонце во летните месеци, па затоа експертите советуваат дека секогаш треба да имате соодветна заштита за кожата во месеците помеѓу јуни и септември.
Иновативниот производ на Eucerin обединува две од најпотребните препарати за нега на женската кожа. Тој истовремено е пудра која ги покрива дамките, акните и недостатоците, но има и заштитен фактор против сончеви зраци, кој е исклучително потребен во летото, особено ако сте изложени на сонце во попладневните часови. Современата формула збогатена со ликохалкон А ефективно го намалува црвенилото, делува кон отстранувањето на акните и нуди целосна заштита во рок од 12 часа.
Eucerin Sun Gel-Cream Oil Control со заштитен фактор 50+ се нанесува на кожата наутро, пред или наместо производот за редовна нега на кожата (течна пудра). Кремата е лесна за нанесување, се мачка во тенок слој и се апсорбира за неколку секунди, а притоа не остава траги на кожата. Различните нијанси Light и Medium ќе ви помогнат да постигнете израмнет и еднаков тен, токму како што ѝ одговара на вашата кожа.
Клиничките тестирања покажаа дека Eucerin Sun Gel-Cream Oil Control SPF 50+ има моќен и брз ефект на кожата, уште по првите две недели од користењето. Уникатната формула е особено ефективна кај чувствителната и масна кожа, отстранувајќи ги акните и правејќи ја кожата сјајна и помазна на допир. Консултирајте се со вашиот лекар пред употреба на овој производ.