Да се има соодветна нега на кожата е навистина убаво не само за одразот во огледалото, туку и за чувството на самодоверба и удобност во сопствената кожа.
Антиинфламаторниот ефект на колекцијата Eucerin Dermopure не делува само површински туку нуди и холистички пристап за нега на кожата.
За да се заокружи рутината за заштита на кожата од акни, денот треба да се започне со гелот за чистење DERMOPURE на Еуцерин за нежно и ефикасно чистење на кожата. Формулиран е со 6% амфотерични сурфактанти и прави совршена хармонија помеѓу моќта на овој производ и нежноста на гелот.
Следниот чекор е серумот Eucerin Dermopure со тројно дејство, создаден според специјална формула наменета да ги ублажи ефектите од акните. Овој серум ја содржи активната состојка Thiamidol, патентирана од страна на научниците во лабораториите на Eucerin, која медицински докажано ја намалува хиперпигментацијата на кожата на лицето, односно темните дамки и белези на кожата.
По серумот важна компонента е да се нанесе кремата против акни EUCERIN Dermopure матирачки крем-флуид за масна кожа и да се овозможи 8-часовен мат-ефект за регулирање на производството на себум и смирување на црвенилото. Доколку се уште се забележуваат акни или дамки може да се употреби и Eucerin Dermopure стик/коректор за да се покријат несовршеностите.
На крајот на денот важно е повторно темелно да се исчисти кожата со новиот Eucerin Dermo Pure гел за чистење кој е збогатен со 2% антибактериска салицилна киселина, кој делува ефикасно, ги отвора порите и ја ексфолира кожата, посебно погодно за масна кожа склона кон акни.
Пред легнување секако лицето се чисти и смирува со Eucerin Dermo Pure Toner што интензивно ја чисти проблематичната кожа, особено во Т-зоната и другите проблематични делови. Формулата со млечна киселина помага да се отворат порите, без да ја исуши кожата и ја остава подготвена за мирен сон.