ЉУБОВ И СЕКС

Зошто мажите заспиваат веднаш после секс? Не е себичност – тоа е генетика

Машкиот мозок е генетски програмиран така што веднаш по успешната работа, екстензијата на видот се исклучува и телото се испраќа на заслужен одмор. По зголемената потрошувачка на полови хормони, почнуваат да се лачат хормоните на задоволството окситоцин и серотонин, веднаш потоа хормонот за спиење мелатонин и невротрансмитерот гама-аминобутерна киселина (GABA).

shto razmisluvaat mazhite posle seks

– Хемијата на машкото тело целосно се менува по ејакулацијата. Се ослободува супстанцијата пролактин, која силно влијае на телото и психата, така што тој се чувствува многу уморен – објаснува Дејвид Мекензи, сексолог од Универзитетот во Ванкувер.

Мускулите почнуваат да се опуштаат, нервите исто така, а на скенирањето на мозокот може да се види дека само неколку моменти по оргазмот, мозочните центри за будност и внимание наеднаш се исклучуваат. Природата ги уредила работите така што припадниците на посилниот пол немаат каде да одат освен да спијат после секс.

Ништо не може да ги поттикне, дури ни уште една рунда секс
– По оргазмот, сите мажи го доживуваат тој период кога делуваат вкочанети и ништо не може да ги придвижи, дури ни нова рунда секс. Кај жените работите се сосема поинакви, бидејќи тие се способни да доживеат низа повеќекратни оргазми, еден по друг, без никаква пауза. Затоа не можат да ги разберат своите партнери кои копнеат за одмор веднаш по сексуалниот чин – изјавил Серж Столер, француски лекар.

Машки ПМС
Жените кои мрчат дека нивните дечковци не сакаат да се гушкаат, треба да разберат дека и мажите имаат свои хормонски циклуси, како што и самите имаат овулација и ПМС, само што кај посилниот пол тоа не е во редовни, месечни интервали.

И нивните нивоа на хормони се разликуваат
– Ако посветите повеќе внимание на психофизичката состојба на вашиот маж, односно на елементите како што се нивото на енергија, расположението, сексуалниот нагон, ќе забележите дека постои шема. Откако ќе разберете како функционира, ќе научите како и кога да го извлечете максимумот од тоа. По сексот едноставно сфаќате дека треба да се откажете и да се помирите со фактот дека вашиот партнер е безволен и уморен – вели ендокринологот Маркус Ло.

Има лек
Меѓутоа, ако мажот навистина сака да ја задоволи својата сакана и да помине некое време по сексот буден во разговор и гушкање со неа, со малку труд на волја, ќе може да го постигне тоа. Експертите советуваат да се пие кафе или силен чај пред да одите во спалната соба, а после работа веднаш да посегнете по разладен овошен напиток, по можност грејпфрут. Се препорачува и туширање (заеднички) со млака, па дури и ладна вода веднаш по сексот.

Напишете коментар

Back to top button
close