ЉУБОВ И СЕКС

Зачинете ја мисионерската поза со овие мали трикови! Супериорен секс и експлозија на задоволство се загарантирани

Иако мисионерската поза луѓето обично ја доживуваат како најдосадна поза во сексот, вистината е сосема поинаква. Таа може да биде многу забавна. Некои од најдобрите секс терапевти споделија совети како да ја подигнете мисионерската поза на повозбудливо ниво.

мисионерската поза

Сексологот Крис Максвел Роуз тврди дека оваа поза може да биде подеднакво „валкана“ како и секоја друга поза во сексот.

– Мисионерската поза може да биде слатка и романтична, но од друга страна може да биде и груба и „животинска“. Искуството на добар секс многу повеќе зависи од вашиот став отколку од вашата положба. Запрашајте се, дали сакате меки, нежни бакнежи на вратот или груби каснувања по должината на вашата клучна коска? Дали сакате романтичен контакт со очите или сакате да ги затворите очите и да се фокусирате на допирот? Кога ќе разберете што сакате, побарајте го тоа – вели Роуз.

Користете ја техниката „CAT“
Техниката „CAT“ е техника на коитална усогласеност и е варијација на мисионерската поза во која жените полесно доживуваат оргазам. За време на чинот во мисионерската поза, мажот треба да се помести неколку сантиметри нагоре, така што основата на неговиот пенис е усогласена со клиторисот на неговата партнерка. Жената потоа треба да ги завитка нозете околу неговите бутови за да ги прегрне неговите гениталии и на тој начин да создаде притисок и контра-притисок.

Во студијата објавена во списанието за секс и брачна терапија за жени кои не можеле да доживеат оргазам за време на мисионерскиот секс, откако пробале „CAT“, објавиле дека со помош на оваа техника бројот на оргазми се зголемил за дури 56 проценти.

мисионерската поза

Допрете се еден со друг
Додека водите љубов со партнерот, стимулирајте го сопствениот клиторис и допирајте се. Уживајте да го контролирате сопственото задоволство и оргазам. Немојте само да лежите и да чекате вашиот партнер да направи се сам. Најдете го вистинскиот агол, навалете се наназад и движете го ‘рбетот. Ако имате проблем со правиот агол, земете перница за поддршка.

Не плашете се од „валкани“ разговори
Да се ​​биде добар во кревет вклучува „секси разговор“. Со оглед на тоа што нашиот мозок се нашите најголеми полови органи, секси разговорите во кревет може дополнително да ја вжештуваат атмосферата во креветот, додава Роуз.

Напишете коментар

Back to top button
close