ЉУБОВ И СЕКС

Три зборови кои не треба да си ги кажат партнерите: Внесуваат раздор и ја прекинуваат здравата комуникација

Научниците заклучиле дека најмалку се расправаат паровите кои се наспиени. Имено, недостатокот на сон нè прави себични, намќорести и нервозни, а партнерот најчесто е првата личност од која се оттргнуваме. Токму затоа на сопружниците им се советува да бидат свесни дека преоптоварувањето со обврски и премалку време за одмор може сериозно да ја наруши врската со саканата личност и да не дозволуваат партнерот да стане издувен вентил поради тоа, бидејќи оваа грда навика станува најголемиот убиец на љубовта.

SHto krijat zhenite od svoite mazhi

Некои зборови кои често ги повторувате во бракот може да предизвикаат непоправлива штета. Затоа добро размислете дали и колку често ги користите!

Зборот НИКОГАШ не предизвикува чувство на безнадежност и со него му кажувате на партнерот дека не е добар, дека никогаш нема да биде добар и дека нема надеж за промени. Со зборот СЕКОГАШ имплицирате строгост и му кажувате на партнерот дека греши, а кога го употребувате зборот НО, го негирате сето она што е кажано претходно.

Напишете коментар

Back to top button
close