ЉУБОВ И СЕКС

Што сакаат да слушнат жените додека водат љубов? Запомнете ги овие зборови – тие се моќен афродизијак

Постојат зборови и фрази кои секоја жена сака да ги слуша во кревет. Еве кои зборови и реченици сакаат да ги слушаат жените додека водат љубов:

1. Кажи ми што сакаш
Некои жени мислат дека мажите треба да им ги читаат мислите и точно да знаат што сакаат во кревет. Но, комуникацијата е важна за добар секс. Мажите лесно можат да ја поттикнат својата партнерка да ужива повеќе со тоа што едноставно ќе ја прашаат што сака.

секс

2. Да, имам кондом
Жените кои се грижат за себе се грижат и за контрацепција. Но, тие секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер се грижи за тоа.

3. Дали ти се допаѓа тоа што го правам?
Срамежливите жени можеби нема веднаш да му кажат или да му покажат на партнерот што најмногу им одговара во кревет. Затоа, ова едноставно прашање е ефикасен начин за мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.

4. Ја сакам твојата…
Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурни за време на водење љубов, па затоа е убаво да слушнеме што најмногу му се допаѓа на нашиот партнер кај нас. Ваквиот искрен комплимент во интимните моменти го поттикнува чувството на самодоверба кај жените.

5. Фантастична си
Мажите сакаат кога жените им даваат комплименти за нивните сексуални вештини, но зошто да не ја пофалат жената – стимулира, ја подига самодовербата и води до подобар секс.

Напишете коментар

Back to top button
close