Првото нешто што треба да знаете е дека ако воопшто се прашувате за ова, тоа значи дека размислувате за секс на погрешен начин или дека вашите потреби не се задоволени. Несомнено е дека сексот е еден од клучните фактори во врската и често се користи за да се измери колку сме задоволни и среќни во врската. Сепак, нема точна бројка во однос на „вистинската количина на секс“.
Научниците докажаа дека постојат одредени фази во врската во кои се менува зачестеноста на сексот.
Во 1998 година, Хелен Е. Фишер објави револуционерно истражување кое идентификуваше три фази во сите долгорочни врски: страст, привлечност и посветеност.
Погодувате, во првата фаза имате секс како зајаци, во втората сепак имате многу секс, но можеби понеинтензивно, а во третата сексот го заменувате со галење и нежности. Нема ништо лошо во тоа, тоа е природен тек на секоја врска.
Друго истражување покажа дека само пет проценти од паровите имаат секс четири пати неделно или повеќе, а дури една третина имаат секс помалку од еднаш месечно. Затоа, време е да се помириме со фактот дека не постои часовник со кој можеме да ја мериме среќата во нашата врска.
Повеќе не е нужно подобро
Спротивно на конвенционалната мудрост, научниците од Универзитетот во Торонто тврдат дека кога станува збор за секс во врска, повеќе не е нужно подобро.
Врз основа на податоците на 25.510 Американци на возраст од 18 до 89 години, откриено е дека сексот еднаш неделно е сосема доволен за одржување на среќата во врската, пренесува Sciencedaily.
Истражувачот Ејми Мус објаснува дека постои верување дека повеќе секс значи повеќе среќа во врската, но тоа не е така. Таа верува дека паровите често чувствуваат притисок да бидат интимни секогаш кога е можно, но сексот еднаш неделно можеби е пореална цел.
Научниците исто така откриле дека сексот еднаш неделно е доволен за одржување на интимност и длабока врска меѓу партнерите.