Резултатите од научните истражувања укажуваат на блиска врска меѓу пamtливоста и еуфонијата – односно убавината на звукот.
Зборовите што звучат пријатно полесно се паметат, покажала студија на Универзитетот во Виена.
Измислени зборови како „clisious“, „smanious“ и „drikious“ им биле претставени на околу сто говорители на англиски јазик за да се провери како самиот звук, независно од значењето, влијае врз перцепцијата на зборовите.

Истражувачите исто така испитувале дали пријатноста на звуците влијае врз тоа колку лесно може да се научи некој збор.
На учесниците им биле прикажани различни измислени зборови дизајнирани да звучат „убаво“, „неутрално“ или „неубаво“.
Прво биле замолени да ги научат и запаметат зборовите, потоа да се сетат на нив, а на крај да ги оценат според тоа колку им звучат убаво.
„Откривме дека зборовите кои учесниците најдобро ги запаметија биле истите оние што ги оценија како најубави“, изјавила раководителката на студијата Тереза Мацингер.
Резултатите укажуваат на блиска врска меѓу пamtливоста и еуфонијата – односно убавината на звукот.
„Останува да се утврди дали нешто подобро го паметиме затоа што ни изгледа убаво или пак ни изгледа убаво затоа што полесно го паметиме“, додала професорката Мацингер, чии резултати се објавени во списанието „PLOS One“.
Врската меѓу естетската перцепција и способноста за учење јазици може да влијае врз учењето странски јазици, маркетиншките стратегии и промените во јазикот низ генерации.
„Одредени звучни обрасци можат да опстанат во јазиците затоа што звучат пријатно, додека други исчезнуваат затоа што се сметаат за помалку привлечни“, вели Мацингер.





