ЗАНИМЛИВОСТИ

Вечерва ги поместуваме часовниците! Започнува летното сметање на времето!

Летното сметање на времето ќе започне вечерва во два часот по полноќ. Врз основа на Законот за пресметување на времето, времето во два часот на 26 март се поместува за еден час нанапред, што значи дека сонот ќе биде еден час пократок.

летното сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02:00 часот со поместување за еден час, времето во 02:00 часот се брои како 3:00 часот по полноќ.

Летното сметање на времето беше воведено за да им се даде на луѓето дополнителен час дневна светлина, но како што се приближува зимата, деновите стануваат се пократки и многу луѓе го започнуваат и завршуваат работниот ден во темница, со мала можност да поминуваат време на сончева светлина.

Но, се почесто се слушаа гласови дека овој систем во денешно време е надминат. Некои од студиите покажуваат дека во овие околности се троши повеќе енергија. Околу 70 земји во светот го менуваат часовникот двапати годишно.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close